Одличен почеток на второлигашката сезона во Прилеп. Екипата Победа првиот меч како домаќин го искористи за убедлив, висок триумф од 5:0 над велешки Борец. Стрелци: Давид Дебрешлиоски во 15., Никола Талески во 32. од пенал и во 46., Павле Петров (автогол) во 55. и Ивица Трајкоски во 88. минута. Во значаен момент, при резултат 1:0, домашниот голман Антонио Столевски одбрани зицер, што многу придонесе кон натамошниот развој на настаните. Столевски не беше капитен затоа што лентата ја носеше Давид Дебрешлиоски, славеник денеска и за првиот гол и за победата и за – роденденот, со оглед на тоа што токму денеска наполни 20 години.
За одбележување е и 49. минута, кога гостинскиот фудбалер Кристијан Маневски доби втор жолт, т.е. црвен картон и Борец го доигра мечот со 10 играчи.
ПОБЕДА: Столевски, Ивчески (76. И. Трајкоски), Андоновски (61. Л. Петејчук), Фејзуловски, Д. Дебрешлиоски (61. Да. Спиркоски), Н. Талески (84. Арифи), Д. Шаркоски, Ангелковски, Кофиловски, Ѓурчиновски (61. Кукески), Богевски. Тренер: Јане Николоски.
БОРЕЦ: Јакимов, Маневски, Хасан, К. Јордановски, Ташевски (33. Цветановски, 8. Филиповски), Г. Димоски (46. Османи), Манасиев (87. Петковски), Петковски, Петров, Чичевски, Блажевски (46. А. Јордановски). Тренер: Љупчо Димитковски.
РЕЗУЛТАТИ 2. КОЛО: Победа – Борец 5:0, Вардар Н. – Беласица 2:2, Охрид – Арсими 2:4, Новаци – Брегалница 0:2, Саса – Детонит 0:2, Вардарски – Кожуф 1:3, Осогово – Скопје 1:1, Башкими – Македонија ЃП 1:2.
ТАБЕЛА: Арсими, Брегалница и Македонија ЃП 6, Кожуф и Вардар Н. 4, Победа, Башкими, Новаци и Детонит 3, Скопје 2, Осогово, Беласица, Вардарски и Саса 1, Охрид и Борец 0.
СЛЕДНО 3. КОЛО (недела, 1 септември во 16 часот): Македонија ЃП – Победа, Скопје – Вардар Н., Кожуф – Осогово, Детонит – Вардарски, Брегалница – Саса, Борец – Новаци, Арсими – Башкими, Беласица – Охрид.
ЧЕСТИТКА ОД МИЛЕ ТАЛЕСКИ!
Преку мобилен се јави 85-годишниот Миле Талески, спортски новинар во пензија. Поради објективни, разбирливи причини не можел да дојде на стадион, па мечот го гледал на компјутер. По завршувањето се јави на мобилен и низ солзи радосници го честиташе првиот есенски успех на Победа.
Во соблекувалната одекна силен аплауз кога Антонио Столевски им пренесе на соиграчите за честитката.
ЕДНОМИНУТНО МОЛЧЕЊЕ
Пред мечот Победа – Борец присутните на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ со едноминутно молчење му оддаода почит на прерано починатиот Благојче Хаџи-Спиркоски – Џерио. Тој беше голем приврзаник на Победа, долгогодишен член на Навивачката група „Маркови внуци“.
Нека му е вечна славата и споменот за него!