Фудбал

ПРИЛЕП: ДВАЕСЕТ ГОДИНИ КАРИЕРА!

Есенва меѓу стативите го нема голманот Дарко Тофилоски. Последен клуб му беше Беса со која го освои првото место во Втората лига и пласманот во Првата лига. Има 38 години и уште може успешно да брани, но конечната одлука ја нема соопштено за јавноста.

Потсетуваме, неговата кариера е пребогата и долга веќе 20 години. Според нашата евиденција, првпат на тренинзите од првиот тим на Победа беше присутен на своите 15 години, а првиот официјален настап за сениорскиот тим на Победа за реванш-полуфиналниот куп-меч во Кичево Напредок – Победа 1:0 на 15 април 2004 година, кога Тофилоски имаше 18 години.

Натаму важните настапи одеа по следниот редослед: на 26 јуни 2004 година во Ивањица, Србија, Црвена звезда (Белград) – Победа 2:0 на првиот пријателски меѓународен дуел; на 8 август 2004 во Прилеп, Победа – Силекс 1:0 на првиот првенствен прволигашки меч; на 19 јуни 2005 во Смедерево, Смедерево – Победа 0:1 на првиот меч во европскиот куп Интертото; по што следеа уште три тоа лето – реванш со Смедерево во Скопје 2:1, во Хамбург со Хамбургер (4:1 за Хамбургер) со рекорд во историјата на Победа од 27.612 гледачи и во Скопје со Хамбургер (1:4).

Освен за Победа (Прилеп) и Беса (Добри Дол, Гостиварско), бранеше за: Тиквеш (Кавадарци), Трепча Косовска Митровица (Косово), Дрита Гњилане (Косово), Алашкерт (Ерменија), Дунајска Стреда (Словачка), Ружомберок (Словачка), Кошице (Словачка) и Шафхаузен (Швајцарија).  

Последниот меч му беше на 11 мај во Врапчиште, Беса – Башкими 0:0.

Од категоријата

КРАЈ НА ЕДНО КОЛО ПРЕД КРАЈОТ!

Зоран Иге

ТУРНИРОТ ВО МАЛ ФУДБАЛ СЕ ВРАЌА ПО ТРИ ГОДИНИ ПАУЗА!

Зоран Иге

(фото,видео) ДОРИАН БАБУНСКИ СО УБАВ ГЕСТ ЗА ДЕЧИЊАТА ОД ФК ПОБЕДА ИМ ИСПРАТИ ВИДЕО СО ПОЗИТИВНИ ПОРАКИ И ГИ ПОЗДРАВИ СО СПОРТСКА ОПРЕМА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе