Шах

ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ Е СЕДМИ ВО ЕВРОПА!

Во Мали Лошињ (Хрватска) се одржа Европското аматерско шаховско првенство, на кое учествуво зеде и фидемајсторот Роберт Велески од Прилеп. Тој во најсилната од трите групи, во групата шахисти  до 2300 рејтинг-поени, го освои 7. место, со 5 поени. Еве ги резултатите: доживеа два пораза (од Мухамет Аслани од Косово и од Лука Скухала од Словенија), четирипати ремизира (со Седрик Блузен од Франција,Томислав Коледњак и Иван Иванчиќ од Хрватска, Кораб Сарачи од Косово), трипати победи (против Филип Цвитковиќ од Хрватска, Олена Луценко од Словенија и Елдит Саити од Косово).

Во оваа најсилна група учествуваа 19 шахисти од 8 држави: Хрватска, Шпанија, Франција, Италија, Косово, Македонија, Словенија и Словачка. Првото место го освои Кораб Сарачи (Косово) со 6,5 поени.

На Европското, но во групата на шахисти под 2000 рејтинг-поени, Дино Табаковски од Скопје е осми со 5,5 поени, меѓу 41 учесник.

Од категоријата

ЃОРЃИЕСКИ 14 МЕЧА БЕЗ ПОРАЗ!

Зоран Иге

ИТАЛИЈАНСКАТА ПАДОВА Е ПРОТИВНИК НА ПРИЛЕПЧАНИТЕ!

Зоран Иге

НОВ УСПЕХ НА ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ СТАНОЈОСКИ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе