Фудбал

БИВШИОТ КАПИТЕН НА ПОБЕДА: СЕКОЈА ПРИКАЗНА ИМА СВОЈ КРАЈ!

Ланската есенска полусезона капитен на второлигашот Победа беше стоперот Филип Стомнароски. Со завршувањето на последното есенско коло, тој се повлече од екипата, но формално остана нејзин член. Дури сега, пред крајот на овој преоден рок, одлучи да ја прифати понудата од третолигашот Обршани, така што од недела ќе настапува за него.

– Секоја приказна има свој крај. Без разлика каков и да е крајот, приказната се состои од добри и лоши моменти и затоа не е битно какви доаѓаме на некое место кое го сакаме, туку битно е по што ќе не паметат кога ќе си одиме – вели Стомнароски, кој има над 100 второлигашки и прволигашки мечеви за Победа, а е во најубавата возраст, на 28 години.

Првенството од Третата лига – Југ стартува в недела од 15 часот, со гостувањето на Обршани во Марена.

Од категоријата

ДАНОСКИ СО РАДНИК ГО СТРЕСЕ ПАРТИЗАН ВО БЕЛГРАД!

Зоран Иге

ПРВОЛИГАШ ГОСТУВА ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

ВЕЧЕРВА В САЛА ПОРАНО, ОД 17 ЧАСОТ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе