Убава идеја се сезонските билети за спортските натпревари. Љубител на спортот купува еднаш и се обезбедува за цела година, на таков начин помагајќи го саканиот клуб. Конкретно во фудбалот, покрај прволигашите и второлигашите, има пример и кај фудбалски третолигаш, Обршани. Еве го најновото известување од овој клуб:
– Фудбалскиот клуб ФК Обршани, односно младите играчи на ФК Обршани, имаат потреба од нова спортска опрема (блуза за тренинг, шушкавец и слични спортски работи) за да личат на еден фудбалски клуб како што му наликува на селото Обршани (молењето на големите фирми никогаш не се исплатило), па така се замолуваат сите симпатизери и бивши играчи кои се во можност да донираат за фудбалскиот клуб, со тоа што ФК Обршани ќе продава сезонски карти по цена од 500 денари. За фудбалот повторно да живее во село Обршани.
Обршани е во Третата лига – Југ, каде стартот ќе го има в недела (15 септември) дома со Влазними јуниор.