Фудбал

ПОСТЕА 47 ДЕНА, А СЕГА ДАДОА 12 ГОЛА!

Конечно триумф на Победа во Втората футсал-лига на Македонија. Во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп, Победа – Университи 12:3. Прилепскиот тим постигна победа по 47 дена „постење“, бидејќи последниот  успех во игра го имаа на 19 март, кога дома го совладаа Скопје. Во меѓувреме постигнаа само победа со службен резултат над Конзули, а и наредија пет порази – со Мал Ајакс, Партизан, Енхалон, Проект, како и службен од Кораби.

На последниов дуел со тетовски Университи, прилепчаните беа разиграни и уште во почетниот дел дадоа до знаење дека трите бода треба да останат кај нив. Стрелци: Александар Китаноски 2, Нермин Каришик 5, Стефан Спиркоски 2, Филип Нацески, Никола Трајкоски, Виктор Тошески (Победа) – Ветон Чауши, Гезим Азизов 2 (Университи).

РЕЗУЛТАТИ: Победа – Университи 12:3, Енхалон – Проект 9:8, Партизан – Каршијака 8:3, Мал Ајакс – Шкендија, Конзули – Јувентус 6:4, Кораби – Кратово 5:4, Скопје – Балкан 5:9.

ТАБЕЛА

СЛЕДНО 25. КОЛО: Каршијака – Победа, Скопје – Енхалон, Балкан – Кораби, Кратово – Козули, Јувентус – Мал Ајакс, Шкендија – Партизан, Университи – Проект.

Од категоријата

ВЕЧЕРВА КОЈ ГУБИ – ОТПАЃА!

Зоран Иге

ЕКИПА ОД МТВ ГО ПОСЕТИ ПРИЛЕПСКИОТ СТАДИОН

Зоран Иге

ПРИЛЕП: КАКОВ Е ОДНОСОТ ТРЕНЕР – СПОРТИСТ – РОДИТЕЛ?

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе