Фудбал

ПРИЛЕП: РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИ ВО СИТЕ КАТЕГОРИИ -МЛАДИНСКАТА ШКОЛА Е ДУШАТА НА ПОБЕДА!

Следејќи ги настапите на сите екипи од Фудбалскиот клуб Победа, нивните резултати, нивните промени, нивните проблеми, се наметна потребата од комуникација, или едноставно разговор, размена на мислења со некој што е внатре во клубот, што за него клубот е втор дом. Со оглед на тоа што во последниве сезони сениорската екипа црпи играчи од младите категории, наш соговорник е човек за кого се знае дека е професор, носител на специјалистички студии, шеф на Стручниот штаб, некогашен селектор, двапати инволвиран во најголемите успеси на младинската екипа – титулите државен првак 2003/04 и 2021/22, долг период, а и сега координатор на Младинската школа со шест тренери, Кирил Овезоски. Од него често може да се слушне дека Младинската школа е душата на Победа, еве и образложение:

– Младинската школа резултатски е во тешка ситуација, затоа што сите генерации се во поместување – младинската екипа во сениорскиот тим, кадетската во младинскиот, пионерската во кадетскиот, па најмладите во помлади пионери… Минатата година беше тешко, а сепак се успеа до опстанок во Супер-лигата на Македонија за млади категории фудбалери, а оваа сезона ќе биде уште потешко, но сатисфакција за сите што се во клубот е што во сениорскиот тим имаме играчи и што имаме репрезентативци на Македонија во сите возрасни категории.

Во ова време во убедливо мнозинство се такви клубови што купуваат готови фудбалери не само за сениорскиот, ами и за младинскиот погон, а се поретко се наоѓа клуб кој произведува. Таков модел е токму Победа. На игралиштето со вештачка трева речиси нема слободен ден – или има натпревар или има тренинг. Затоа втора сезона младите играчи ја носат играта на сениорските екипа.

– Во блиска иднина очекуваме уште четири – пет играчи да се надополнат, да можат да се придодадат кон сениорскиот тим на Победа. Така сениорскиот тим ќе има за подолг период играчи од сопствениот погон.Фактички доаѓаме до играчи обучувани тука, со наш карактер, со карактер на Победа. Тука можам да го додадам значењето и на приватните школи во Прилеп, од каде од поширок избор на играчи се прави селекција, што е нужна за да се дојде до квалитетот, т.е. од претходниот квантитет се доаѓа до бараниот квалитет што е постојан критериум во Победа.

Од најновите разговори за Победа, па и овојпат, добиваме впечаток за позитивни настани во клубот во врска со подобрување на финансиите и условите, што секако го чувствуваат и во сениорскиот тим и во Младинската школа на прилепскиот клуб.

 

Од категоријата

(фото, состави) ПРИЈАТЕЛСКИ МЕЧ, А БОРБА КАКО ЗА БОДОВИ И СО ЦРВЕН КАРТОН ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

ДВЕ ПОБЕДИ ВО ТЕТОВО!

Зоран Иге

ГОСТИН ВО ПРИЛЕП Е ТИМ ШТО ТЕШКО ПРИМА ГОЛ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе