Третиот меѓународен пингпонгарски турнир „Зегин опен 2024“ во Берово е успешен за 13-годишнпто прилепчанче Мартин Ристески. Тој го освои второто место, сребрениот медал и паричната награда од 100 евра, по загубеното финале со Мариос Серидис од Грција. Од македонските претставници има највисок пласман, затоа што другите освоија бронзи, а се шестмина. Ова не е неочекувано ако се знае дека Мартин е актуелен државен првак и прв на македонската ранг листа во категорија за деца до 13 години.
На турнирот организиран на високо ниво под целосно покровителство на веледрогеријата „Зегин“ и нејзиниот сопственик, беровчанецот Благој Механџиски, учество зедоа пингпонгари од 12 држави: Македонија, Аргентина, Германија, Косово, Бугарија, Србија, Белорусија, Турција, Украина, Грција, Хрватска и Киргистан.
Суперталентот Мартин Ристески е член на суперлигашот Младост 96 од Прилеп и позајмен играч со двојна регистрација за прволигашот Студент од Скопје.