Фудбал

НОВА ШАНСА ЗА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА ДА СЕ ИЗДИГНЕ МЕСТО-ДВЕ ПОГОРЕ!

Екипата Победа одлично тргна со новиот тренер Стојанче Дунимаглоски, со две победи – над неготински Вардар во Струмица (2:1 со головите на Дарио Спиркоски и Никола Талески) и врз Новаци дома (1:0 со голот на Давид Јошески), но три дена подоцна, во вторникот, се случи висок пораз од Саса во Каменица (4:1, со единствениот гол на Никола Талески). По оваа бело-црна слика за прилепската екипа, утре (сабота) дома е дуелот со Вардарски од Богданци, чиј тренер е некогашниот селектор Ѓоре Јовановски. Мечот е нова шанса за Победа со евентуален успех да се издигне место-две на табелата. Навивачите очекуваат сигурен триумф на екипата во која има одлични напаѓачи, како 19-годишниот Никола Талески (на сликата) со 6 постигнати гола есенва.

ДВОЈКИ 11. КОЛО (сабота, 2 ноември, 13 часот): Победа – Вардарски, Борец – Вардар Н., Македонија ЃП – Брегалница, Арсими – Детонит, Беласица – Кожуф, Охрид – Скопје, Башкими – Осогово, Новаци – Саса.

ТАБЕЛА: Брегалница 24, Македонија ЃП и Башкими 23, Арсими 20, Охрид 19, Кожуф 16, Детонит и Беласица 15, Саса 12, Новаци 11, Победа 10. Скопје 9, Вардар Н. 8, Осогово и Борец 5, Вардарски 2.

 

Од категоријата

ВОСКА ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

(видео) ЕВРОПСКОТО ПОЧНА: КОИ СЕ ОЧЕКУВАЊАТА НА ПРИЛЕПЧАНЕЦ ОД ГЕРМАНИЈА?

Зоран Иге

ЗАСТОЈ ВО ТРЕТАТА МИНУТА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе