Во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје беа мечевите од 6. и 7. коло на Супер лигата на Македонија во пинг-понг. Лидерот на табелата, Младост 96 од Прилеп, постигна две победи со кои речиси ја обезбеди позицијата есенски првак. Прво со 4:1 совладан е Шампион ФА од Штип. За Младост 96 по две партии добија Ѓорѓе Борчиќ и Антонио Стомнароски. Потоа со 4:3 совладана е Пелагонија од Битола. На овој меч за Младост 96 две партии доби Ѓорѓе Борчиќ, една Антонио Стомнароски и двојката Нико Доага / Ѓорѓе Борчиќ.
РЕЗУЛТАТИ 6. КОЛО: Вардар – Берово 4:2, Младост – Телеком Нец 2 1:4, Крива Паланка – Радовиш 4:1, Шампион ФА – Младост 96 1:4, Пелагонија – Астраион 2:4. РЕЗУЛТАТИ 7. КОЛО: Астраион – Вардар 4:1, Младост 96 – Пелагонија 4:3, Радовиш – Шампион ФА 1:4, Телеком Нец 2 – Крива Паланка 3:4, Берово – Младост 4:0.
ТАБЕЛА: Младост 96 14, Астраион, Шампион ФА, Телеком нец 2 и Крива Паланка 12, Пелагонија 10, Радовиш и Вардар 9, Берово 8, Младост 7.
СЛЕДНО 8. КОЛО (24 ноември): Вардар – Младост, Крива Паланка – Берово, Шампион ФА – Телеком нец 2, Пелагонија – Радовиш, Астраион – Младост 96. КОЛО 9.: Младост 96 – Вардар, Радовиш – Астраион, Телеком нец 2 – Пелагонија, Берово – Шампион ФА, Младост – Крива Паланка.