Заврши есенскиот дел во општинските лиги на ОФС Прилеп, така што познати се есенските прваци во двете групи. Во А-групата екипата Кадица (Забрчани) постигна победи на сите 6 меча и има максимални 18 бода, три повеќе од Млекар (Мало Коњари).
РЕЗУЛТАТИ ОД 7. КОЛО: Корзо – Кадица 0:5, Козара – Стрела 0:2, Напредок – Млекар 0:6, Прилеп сити слободен.
ТАБЕЛА
Во Б-групата екипата Кадино е есенски првак со 16 бода, пред Гарван (Десово) и Црвена ѕвезда (Сенокос) по 13.
РЕЗУЛТАТИ ОД 7. КОЛО: Кадино – Братство 3:2, Гарван – Црвена ѕвезда 2:3, Боротино – Динамо 0:2, Пролетер слободен.
ТАБЕЛА
Што се однесува до најдобрите стрелци во есенскиот дел, во А-групата води Зоран Секирски од Стрела (Ерековци) со 7 гола, пред Влатко Петрески од Стрела, Петар Радиновац, Филип Трајкоски, двајцата од Млекар и Леонардо Силјаноски од Кадица – сите со по 6 гола. Во Б-групата водечки се Филип Ачкоски од Црвена ѕвезда, Емран Имероски од Гарван и Миле Талески од Кадино – сите со по 7 гола, пред Александар Божиноски од Братство (Големо Коњари) со 6.