100 години фудбал во Прилеп

БЕЛГРАДСКИ НОВИНАР НАПИША: ПРИЛЕП БЕЗ ВОЗДУХ МОЖЕ, БЕЗ СВОЈАТА ПОБЕДА НЕ МОЖЕ!

Весниците се сведоци за минатото. Преку нив доаѓаме до настаните од фудбалското минато на Прилеп. Мошне интересен текст е објавен во белградскиот весник „Борба“ на 27 април 1980 година. Тоа е времето кога екипата Победа се бори за опстанок во Втората југословенска фудбалска лига – Исток. На табелата со 15 бода од 21 коло е на дното меѓу 16 тима. Но, Победа е привлечна и во таа ситуација за медиумите. Така новинарот на „Борба“, Славољуб Вујовиќ од Белград доаѓа во Прилеп. На споменатиот ден во весникот се појавува наслов „Победа се сака и кога не победува“. Гледаме објавена фотографија со двајца голмани и 10 играчи, а под фотографијата коментар: Публиката подобра од тимот.

Текстот почнува вака: Ова е , всушност, наша фудбалска приказна за приказната: за градот Прилеп, кој без воздух може, ама без својата Победа не може.  Натаму се споменува дека претседател на Победа е Благоја Миноски, генерален директор на Автотранспортното претпријатие „Пелагонија турист“, шеф на Стручниот штаб е сплиќанецот Александар Гвозденовиќ, тренери Борче Ангеловски – Влашето, Кирил Анески – Тумано, Бранко Петкоски – Педано и Методија Крстески – Каше. Белградскиот новинар забележува: Кога на Победа и оди – на стадионот има 20 илјади гледачи, кога на Победа не и оди – на стадионот се 19 илјади гледачи.

Таа сезона Победа отпадна несреќно, поради послаба гол-разлика за еден гол од  ОФК Титоград.

 

Од категоријата

ТРИЕСЕТ МИНУТИ ВО ТРЕТА ЛИГА, ШЕЕСЕТ ВО ВТОРА!

Зоран Иге

СВЕШТЕНИЦИ НА ТРЕНИНГОТ НА ПОБЕДА!

Зоран Иге

(фото) СЕМАФОР НА СТАДИОНОТ ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе