Ракомет

УНИВЕРЗАЛНА САЛА ВО ПРИЛЕП: БИЗНИС-СЕКТОРОТ СПЛОТЕН КАКО ПРЕД 14 ГОДИНИ!

Во врска со Универзалната сала во Прилеп убави се сеќавањата за зимата 2010/2011. Тогаш, пред 14 години, беше извршено реновирање на овој спортски објект и пуштен во употреба по повеќегодишна пауза.

Нешто слично се случува и сега, во овој период. Очигледно силна е желбата кај спортистите и спортските работници и функционери, кај институциите, а многу важна е сплотеноста и поддршката од бизнис-секторот. Ако е така, може да се очекува многу скоро влез во објектот на екипите и гледачите, така што училишните сали ќе останат само за учениците, а за спортистите сала според пропишаните стандарди.
Во знак на одобрување на сегашниве активности, објавуваме две фотографии од пред 14 години: со Рубинчо Седлоски – тогашен менаџер на Универзалната сала и со работници кои го дотеруваа паркетот.

Од категоријата

ПРИЛЕП СЕ ВРАТИ КОН ВРВОТ!

Зоран Иге

ПРИЛЕП СО ПОБЕДА ПРЕТЕНДИРА ЗА 2. МЕСТО

Зоран Иге

ЧУДНИ ПРЕСВРТИ ДО ТРИУМФ НА ДЕСПИНА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе