Ракомет

ОБРАТНО ОД 7 СЕПТЕМВРИ: ПРИЛЕП СО ПЛУС 5, ПА МИНУС 3, НА КРАЈОТ – РЕМИ!

 

Во 12. коло од Супер лигата на Македонија за мажи, Пролет – Прилеп 23:23. Како и на 7 септември во Прилеп, истите ривали одиграа пак нерешено. Тогаш беше 30:30. На тој меч во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ скопјаните водеа со 5 разлика, но до крајот прилепскиот тим направи пресврт, но сепак успеа да се избори само за бод. На вториов дуел, во салата „Македонско сонце“ обратно – Прилеп на гости имаше и водство од 5 гола разлика, но крајниот исход е поделба на бодовите. Најистакнати стрелци: Томислав Димковски и Мохамед Таоуфик по 6 (Пролет), Пеце Рајатовски и Никола Цветаноски по 6 гола (Прилеп).

ТАБЕЛА: Алкалоид и Вардар 22, Еурофарм Пелистер 20, Охрид 18, Бутел 14, Пролет и Тиквеш 11, Прилеп 10, Куманово 6, Бисинов 5, Струга 4, Радовиш 1.

ИДНО 13. КОЛО (30 ноември/1 декември): Прилеп – Куманово.

  

Од категоријата

ГОСТИТЕ ДВАПАТИ НАДМОЌНИ

Зоран Иге

ВЕЧЕРВА ШАМПИОНОТ Е ВО ПРИЛЕП

Зоран Иге

СЛЕДИ 15 ДЕНА ПАУЗА

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе