Фудбал

ПРИЛЕП: БОРБА ЗА НАЈМНОГУ ПАРИ ДОСЕГА!

Хуманитарниот турнир во мал фудбал „Свети Никола“е од 6 до 22 декември во салата од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп (за сениорите) и во салата од ООУ „Добре Јованоски“ (за пионерите). Пријавувањето на екипите е до 4 декември, а во споредба со лани има разлика. Висината на котизацијата за учество наместо 9.000 колку што беше лани, сега е 10.000 денари по екипа за сениорите (3.000 денари за пионерите), но паричните награди се зголемени, така што се највисоки досега. Така, за 1. место се освојуваат 300.000 денари (лани беа 230.000), за 2. место се 180.000 (наместо ланските 130.000), а само за 3. место нема промена од лани – 70.000 денари. Вкупниот паричен фонд лани беше 460.000 денари, а сега е 550.000 денари.

Претседател на Организацискиот одбор е Никола Трајкоски, предводник на Клубот за мал фудбал „Победа“, а турнирот е поддржан од Министерството за спорт, Општина Прилеп и компанијата „Комфи ангел“.

 

СЕ ОД ПРАВОСЛАВИЕТО: ПОРАЧКИ НА ИКОНИ, БЛАГОСЛОВИ, МОЛИТВИ, 

СЕ ЗА ИМЕНДЕНИ И СЛАВИ

НА 076 502 403

Од категоријата

НАЈТЕЖОК РИВАЛ ЗА КУПОТ

Зоран Иге

ПОБЕДА ПОКАЖА ДЕКА Е ЗРЕЛА ЗА ТИТУЛА

Зоран Иге

ДВЕ ПОБЕДИ ВО ТЕТОВО!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе