Во Скопје се одржа Државното првенство за кадети и јуниори во рамките на Карате федерацијата на Македонија. Меѓу освојувачите на златни медали е и членот на прилепскиот клуб „Спорт 94“, Теодор Стојаноски. Ова момче ги победи сите во кадетска конкуренција, во борби, во категоријата над 70 килограми тежина. По овој успех е потенцијален патник во состав на репрезентацијата на Македонија за Биелско-Бијала во Полска, каде ќе биде Европското првенство од 7 до 9 февруари 2025 година.
На Државното првенство во Скопје од прилепските клубови медали освои уште КК „Бонсаи“: Марко Бучевски – бронзен кај јуниорите до 21 година за борби до 60 килограми, Јована Талеска – бронзен кај јуниорките до 21 година за борби над 68 килограми, Елеонора Ковилоска – бронзен кај јуниорките до 21 година за кати, Меги Ангелеска, Марија Јорданоски, Софија Иваноска, Јована Илијоска – бронзен за кадетки-јуниорки во ката екипно, Бојан Димитриоски и Филип Бучевски – бронзени за кадети во борби до 57 килограми, Катерина Јорданоски и Марија Јорданоски – бронзени за кадетки во борби до 47 килограми.