Фудбал

МАКСИМУМ: СО СЕДУМ ПОБЕДИ НА СЕДУМ МЕЧА СТИГНАА ДО ПЕХАРОТ ВО ПРИЛЕП! (фото, видео, состави, стрелци)

Кулминација на Дванаесеттиот турнир во мал фудбал „Свети Никола“ во Прилеп. Во салата од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ преполно публика, а долу на паркетот завршните мечеви кои одлучуваа за вредните награди. Настан со претставници од организации кои силно го поддржаа турнирот – како Министерството за спорт, Општина Прилеп, компанијата „Комфи ангел“, КМФ „Победа“, а и овојпат со своето присуство настанот го удостои градоначалникот на Прилеп, д-р Борче Јовчески.

Кај сениорите, во дуелот за  3. место се сретнаа две прилепски екипи, Хајв кафе/Теа Андреа – Давид Коруноски 2:1. Стрелци: Давид Јошески и Јорданчо Наумоски од пенал – Ѓорѓија Мургоски. Минатогодишниот победник и сега се избори за висок пласман – третото место.

ХАЈВ КАФЕ/ТЕА АНДРЕА: Антонио Столевски, Мартин Никовиќ, Давид Јошески 1, Марјан Ристовски, Дарко Илиески, Марио Наумоски, Димитар Чоков, Јорданчо Наумоски 1, Дарко Анѓелески, Благоја Спиркоски.

ДАВИД КОРУНОСКИ: Андреј Паскоски, Васко Петкоски, Филип Илкоски, Бојан Мораво, Ѓорѓија Мургоски 1, Мартин Талески, Игор Шепаровски, Слободан Дуков, Унча Бојаџиески, Христијан Поп-Антоски.

Во големото финале триумф на скопската екипа Гостилница „Кај Џек“ против охридската АСП Пак. Резултатот е висок 5:1. Стрелци: Марио Богоевски, Димитар Јанев 2, Стефан Димовски, Андреј Јаневски – Никола Угриноски. Беше седма победа на Гостилница „Кај Џек“ на седумте меча. Ги совлада: Могила (3:1), Струшка (5:1), Слаткарница „Шар“ (2:1), Изофас (6:1), Андринико (5:2), Хајв кафе/Теа Андреа (2:0) и АСП Пак (5:1). Тимот Гостилница „Кај Џек“ вторпат е победник на прилепскиот турнир. Првпат пехарот го освои во 2022 година.

ГОСТИЛНИЦА „КАЈ ЏЕК“: Мирко Соколов, Андреј Јаневски 1, Михаило Митров, Стефан Димовски 1, Бојан Јанев, Никола Стојановски, Никола Димевски, Никола Анчевски, Марио Богоевски 1, Димитар Јанев 2.

АСП ПАК: Мишо Ѓорѓиовски, Дејан Милошевски, Шенол Меди, Нико Пластиновски, Никола Угриноски 1, Стефан Петрушевски, Никола Секулоски, Наум Таулоски, Кристијан Петкоски, Боге Бимбиловски.

Турнирот заврши со прекрасни впечатоци за 17-дневната програма. Интересни беа мечевите, одлично беше и судењето од страна на искусни судии од ОФС Прилеп. Финалето го судеа двајца меѓународни судии – Горан Спиркоски и Влатко Илиоски.

РЕЗУЛТАТИ СЕНИОРИ

ЗА 3. МЕСТО: Хајв кафе/Теа Андреа – Давид Коруноски 2:1

ЗА 1. МЕСТО: Гостилница „Кај Џек“ – АСП Пак 5:1

НАЈДОБАР ИГРАЧ: Марио Богоевски (Гостилница „Кај Џек“)

НАЈДОБАР ГОЛМАН: Антонио Столевски (Хајв кафе/Теа Андреа)

НАЈДОБАР СТРЕЛЕЦ (6 гола): Андреј Јаневски (Гостилница „Кај Џек“)

ОДЛИЧНА ОРГАНИЗАЦИЈА СО БОГАТИ НАГРАДИ

Се чини дека беше постигнат максимум во организацијата на еден ваков турнир. Не е едноставно да се организира во една училишна сала, да се привлечат толку гледачи во објект кој е на периферијата од градот. Прв показател за високата оценка е токму публиката, преполната трибина. Втор показател е поволниот впечаток кај сите учесници, а секако дека важни се и наградите. Имаше досега највисок паричен фонд, од 550 илјади денари – за 1. место 300 илјади, за 2. место 180 илјади, за 3. место 70 илјади. Но, имаше уште многу други награди – производи, ваучери за разни услуги, за туристички патувања, за Нова година во странство… Награди за најдобрите екипи, за најдобрите поединци, за сениори и за пионери… Секоја вечер имаше многу награди за публиката.

Желбата е следниот турнир да биде во Универзалната сала.

ВИДЕО

 

ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОМАШНА АДРЕСА

СЕ ОД ПРАВОСЛАВИЕТО

ПОРАЧКИ НА ИКОНИ, ИКОНОСТАСИ СО ЛАМБИЧЕ, БЛАГОСЛОВИ, МОЛИТВИ, КАЛЕНДАРИ…

СЕ ЗА ИМЕНДЕНИ И СЛАВИ…

НА 076 502 403

Од категоријата

СРБИТЕ ЈАВУВААТ: ПАРТИЗАНОВ БИСЕР ДОЈДЕ ВО ПОБЕДА!

Зоран Иге

(фото, состави) ПРИЛЕП: МНОГУ ГОЛОВИ ЗА КРАЈ!

Зоран Иге

ПОБЕДА СО ДВАЈЦА НОВИ МУ ПАРИРАШЕ НА ШАМПИОНОТ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе