Во Биелско-Бијала во Полска се одржа Европско првенство во карате на кое беа претставници на Карате федерацијата на Македонија, во тие рамки и членови на прилепскиот клуб Спорт 94. Станува збор за Теодор Стојаноски и Матеј Белистојаноски.
Четиринаесетгодишниот Теодор Стојаноски настапи во кумите во кадетска конкуренција. Тој во категоријата над 70 килограми силно се спротивстави на противникот од Ерменија, Аветис Гевондјан, па резултатот е минимален 1:2 во полза на Ерменецот.
Деветнаесетгодишниот Матеј Белистојаноски настапи во кумите во јуниорска конкуренција до 21 година. Тој во категоријата до 67 килограми по слободното прво коло во второто доби ривал од Ерменија, Сурен Харутјунјан, кого го совлада со 4:1, но во третото коло со 2:4 загуби од Мухамед Оездемир од Германија.
Македонија на ова првенство освои еден медал, бронзен, по заслуга на кадетката во кумите до 54 килограми, Душица Бреслиева, членка на КК Штип.