Екипата Победа одлично одигра и во второто пролетно коло од Втората фудбалска лига на Македонија. Предмалку во Велес, Борец – Победа 0:1. Стрелец на победоносниот гол за прилепскиот тим е Филип Димоски во 86. минута, со удар од седум-осумнаесет метри далечина. Ова е успех за тимот на Стојанче Дунимаглоски, бидејќи од 70. минута па до крајот одигра без исклучениот Петар Петроски, кој доби црвен картон, втор жолт.
Претходно и двата тима имаа по неколку шанси, така што се чинеше дека ќе се повтори меч без голови како пред една недела во Прилеп. Не беше лесно да се игра на теренот со вештачка трева (со отвор во шеснаесетникот). Тој терен веројатно беше причина за повредата на Дарио Спиркоски, кој мораше да го напушти мечот уште во 11. минута.
Резултатот предизвика огромна радост кај велешанецот Ангел Тошевски, навивач за прилепскиот тим од трибината, силен поддржувач на гостите, покрај возачот на автобусот со кој патува Победа.
Во прилог објавуваме фотографии што ни ги испрати службениот претставник на Победа, Рубин Алексоски.
БОРЕЦ: Андов, Хасан (33. Зенговски), Стојчевски, Ристовски, Хајдари, Петковски, Филиповски (81. Митров), Османи (74. Мерсовски), Анчевски, Чичевски, Емини. Тренер: Горан Симов.
ПОБЕДА: И. Николоски, М. Талески, Ивчески (46. Д. Шаркоски), Да. Спиркоски (11. Казимоски), Исмаил (92. А. Петрески), Каба, Керими (69. Љумовиќ), Ф. Димоски, Кофиловски, П. Петроски, Богевски. Тренер: Стојанче Дунимаглоски.
РЕЗУЛТАТИ 17. КОЛО: Борец – Победа 0:1, Беласица – Вардар Н. 4:0, Арсими – Охрид 1:1, Македонија ЃП – Башкими 0:1, Брегалница – Новаци 3:1, Детонит – Саса 1:2, Кожуф – Вардарски 1:0, Скопје – Осогово 0:0.
ТАБЕЛА: Македонија ЃП 41, Брегалница 37, Башкими 36, Арсими 33, Саса 28, Детонит, Скопје и Кожуф 26, Охрид 25, Беласица 22, Новаци 19, Победа 18, Вардар Н. 17, Осогово 9, Борец 6, Вардарски 5.
СЛЕДНО 18. КОЛО (1 март): Победа – Македонија ЃП, Вардар Н. – Скопје, Осогово – Кожуф, Вардарски – Детонит, Саса – Брегалница, Новаци – Борец, Башкими – Арсими, Охрид – Беласица.
076 502 403
ПОРАЧКИ ЗА ПРАВОСЛАВНИТЕ ВЕРНИЦИ
ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОМАШНА АДРЕСА
СЕ ОД ПРАВОСЛАВИЕТО
ПОРАЧКИ НА ИКОНИ, ИКОНОСТАСИ СО ЛАМБИЧЕ, БЛАГОСЛОВИ, МОЛИТВИ, КАЛЕНДАРИ…
СЕ ЗА ПРАЗНИЦИ, ИМЕНДЕНИ И СЛАВИ…
НА 076 502 403