Вечерва пак полна со публика беше салата од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп, за мечот од Супер лигата на Македонија, Прилеп – Еурофарм Пелистер. Прилепчаните на овој начин покажуваат дека им е неопходна вистинска спортска сала, каква што е е Универзалната, чие реновирање наскоро треба да се изврши.
Што се однесува до вечерашниот дуел, заврши со 22:35 во полза на битолскиот тим, а на полувремето беше 8:18. Беше 20. победа на Пелистер, 12. пораз на Прилеп. Следи плејофот за битолскиот, плејаутот за прилепскиот тим.
Други резултати: Вардар – Струга 40:26, Тиквеш – Борец 29:24, Бутел – Пролет 23:21. Утре играат Радовиш – Куманово и Алкалоид – Охрид.
ТАБЕЛА: Еурофарм Пелистер и Вардар 40, Алкалоид 38, Охрид 30, Тиквеш 25, Бутел 24, Пролет и Прилеп 17, Куманово 10, Борец 8, Струга 7, Радовиш 4.