Ракомет

В САБОТА СОВРЕМЕ ВО ПРИЛЕПСКАТА САЛА!

Супер-лигата во ракомет за мажи се скратува од 16 на 12 тима, па затоа борбата за опстанок е до последното, 14. коло од плејаутот, закажано за утре (сабота), од 16 часот. Борбата е за првото и второто место за директен опстанок, бидејќи третото место води кон бараж-дуел со Радовиш второпласиран од Првата лига.

Три екипи имаат план за директен опстанок – Прилеп, Еурофарм Пелистер 2 и Куманово, а има место за две. Еве го распоредот: Во салата од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп е дербито Прилеп – Еурофарм Пелистер 2. Победникот е прв, поразениот може да падне трет. Затоа се очекува преполна сала во Прилеп. Сите што сакаат вакви мечеви, пожелно е совреме да влезат во салата. Што се однесува до Куманово, иако е на третото место, има шанси за искачување погоре, со оглед на тоа што е фаворит на гостувањето кај Мултиесенс во Скопје.

ТАБЕЛА: Еурофарм Пелистер 2 и Прилеп 33, Куманово 32, Мултиесенс 23, Вардар Н. 21, Голден арт 16, Скопје 6, Аеродром –11.

Од Супер-лигата директно отпаѓаат пет тима.

Од категоријата

ВОДЕА 5 РАЗЛИКА, А НЕ ЗЕДОА НИ БОД!

Зоран Иге

ЕДЕН, А ВРЕДЕН ГОЛ!

Зоран Иге

МЕЧ ЗА РАЗДЕЛБА НА ПРИЛЕПСКАТА ПУБЛИКА СО КУЗМАНОСКИ

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе