Времето лета, па уште неколку месеци и ќе поминат точно 25 години од најголемиот успех во историјата на прилепскиот фудбал. Тоа е пласманот во првото коло од Купот УЕФА, во сезоната 2000/01. Тогаш Победа во претколото го направи најголемото изненадување, го елиминира фаворитот од Романија, Универзитатеа од Крајова. Во Крајова беше 1:1, во Прилеп 1:0 за Победа, а двата највредни гола во прилепската историја ги постигна Николче Здравески. Резултатите против Романците во првото коло го донесоа италијанскиот гигант Парма во Скопје, меч кој го наполни стадионот, а таму од Прилеп допатуваа навивачи со воз од 20 вагони. Објавуваме три фотографии. Во оваа 2025 година повеќепати ќе се навраќаме на овие историски дуели. Еве ги основните податоци:
УНИВЕРЗИТАТЕА – ПОБЕДА 1:1 (Папура 31. – Н. Здравески 90.)
УНИВЕРЗИТАТЕА: Богдан, Стојкан (61. Добре), Најку, Папура, Батрану, Калин (53. Баркуан), Никулеску, Миту, Алистар (48. Болдовин), Сава, Драгомир. Тренер: Флорин Марин.
ПОБЕДА: Тенев, Николаевски, Б. Нацев, Манев, Т. Наумоски (59. Г. Тодоровски), Н. Здравески, Каранфилоски, Стојчевски (85. Мегленски), Жилсон, Диниќ (80. Ќумбев), П. Ристовски. Тренер: Никола Илиевски.
ПОБЕДА – УНИВЕРЗИТАТЕА 1:0 (Н. Здравески 78.)
ПОБЕДА: Тенев, П. Ристовски, Г. Тодоровски (75. Ќумбев), Николаевски, Манев, Б. Нацев, Жилсон, Т. Наумоски (70. Мегленски), Каранфилоски, Н. Здравески, Стојчевски (77. Стефанов). Тренер: Никола Илиевски.
УНИВЕРЗИТАТЕА: Богдан, Стојкан (53. Питу), Батрану, Папура (2. Домокош), Данчиу, Калин (60. Негру), Никулеску, Миту, Добре, Драгомир, Болдовин. Тренер: Флорин Марин.
ПОБЕДА – ПАРМА 0:2 (С. Консеисао 23., Ди Вајо 74.)
ПОБЕДА: Тенев, П. Ристовски, Николаевски, Б. Нацев (црвен картон 87.), Диниќ (54. Г. Тодоровски), Каранфилоски, Н. Здравески, Т. Наумоски, Жилсон, Ќумбев (81. Мегленски), С, Крстев (65. Стојчевски). Тренер: Никола Илиевски.
ПАРМА: Буфон, Сартор, Ламуши, С. Милошевиќ, Аморозо (69. Ди Вајо), С. Консеисао (90. Апиа), Жуниор, Ф. Канаваро, Микуд (69. Фузер), Тирам, Болано. Тренер: Алберто Малезани.
ПАРМА – ПОБЕДА 4:0 (Монтано 39., Бонацоли 53., 80., Ди Вајо 88.)
ПАРМА: Гвардалбен, Сартор, Апиа (Д. Баџо), Торизи, Ф. Канаваро (55. П. Канаваро), Ди Вајо, Тирам, Бонацоли, Монтано (87. Микуд), Болано, Фалсини. Тренер: Алберто Малезани.
ПОБЕДА: Тенев, П. Ристовски, Манев, Николаевски, Митиќ, Ќумбев, Каранфилоски, Жилсон (69. Мегленски), Т. Наумоски, С. Крстев, Н. Здравески (52. Диниќ). Тренер: Никола Илиевски.