Фудбал

(фото) ФОРМИРАНА Е НОВА УПРАВА НА ПОБЕДА, СО ЖЕНА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЧЕЛО, КОЈАШТО НАЈАВУВА ОБИД ЗА „ВОСКРЕСНУВАЊЕ“ НА КЛУБОТ !

Се одржа долгоочекуваното Собрание на Фудбалскиот клуб Победа, на кое се случија долгонајавуваните промени. Имено, формиран е нов Управен одбор на клубот од 7 члена. Тие се: Небојша Стојковиќ, Сашко Попоски, д-р Весна Неделковска, Јана Мицковска – Попоски,  Димитар Трајков, Горан Зечевиќ и Александар Крстески. Објавуваме фотографија, на која освен 6-те члена на Управниот одбор (отсутен е Александар Крстески), се уште правниците Игор Ефремоски и Андреј Георгиевски и секретарот Владимир Мирчески.

Интересно е што за прв човек на ФК Победа е избрана Јана Мицковска – Попоски, сестра на сопственикот од Соединетите Американски Држави, Александар Мицковски. Ова значи дека прилепскиот клуб по 6-7 години повторно доби жена за претседател, по Ирена Јакимовска.

Подолу е кусиот разговор со Јана Мицковска – Попоски:

– Сопственици сме на повеќе од 51 проценти од акциите. Нашето потекло е од Прилеп. Брат ми Александар Мицковски одамна е во САД. Ние со сопругот (Сашко Попоски, управител во клубот, познат тренер и менаџер н.з.) многу патувавме и се навраќавме во државава. Тука е интересно што животот те носи таму од каде што потекнуваш. Во тие доаѓања во Прилеп ние видовме дека блиску до центарот се наоѓа и срцето на градот – клубот, за кој сите прилепчани се емотивно поврзани. Она што го видовме е дека Победа е на Прилеп и Прилеп е со Победа.

Од каде тој впечаток кај Вас за овој клуб и град?

– Мојот сопруг Сашко Попоски е тренер по фудбал и тој знае да направи добра проценка. Така некако заедно дојдовме до оваа идеја да го воздигнеме, да го „воскреснеме“ клубот, да го вратиме она што Прилеп го заслужува. Прилепчаните заслужуваат еден спортски викенд, место каде фамилијарно ќе дојдат, каде што ќе бидат задоволни. Пред се, не водеше таа идеја.

Со кого беа Вашите први контакти?

– Со Тони Мегленски и Небојша Стојковиќ, познатите фудбалери од минатото на Прилеп. Тие некако не насочија и не поддржаа да одиме во оваа насока. Притоа и самите прилепчани, градот ни даде ветар во грб за да се решиме на ваков чекор.

Имавте ли среќа да присуствувате на некој натпревар на стадионот во Прилеп?

–  Да. Седевме на трибината меѓу гледачите, навивачите. Всушност, бевме дел од таа категорија љубители, симпатизери на Победа. Го гледавме и последниот меч со Саса, меч добиен со 1:0.

Како стигнавте до целта, до ова што се случи денеска?

– Беше подолг период, не беше преку ноќ. Наидовме на некои пречки, но почнаа да се отвораат вратите една по една и еве стигнавме до тука.

Во каква состојба е клубот?

– Не би сакала да давам оценка пред и последните детали да ги видам. За се она што натаму ќе го согледуваме, ќе бидеме транспарентни, отворени, затоа што прилепчаните се приврзани за клубот и заслужуваат да имаат информации.

Јавноста има големи очекувања во поглед на подобрувањето на финансиската состојба во ФК Победа?  

– Ние и во самиот старт внесовме лични финансии. Според тоа, тие големи очекувања од јавноста се апсолутно оправдани – ни рече Јана Мицковска – Попоски.

Има уште многу новости во врска со новиот Управен одбор, а во оваа прилика ќе спомнеме дека на денешното Собрание беше донесен и петгодишниот бизнис план на клубот.

Од категоријата

КАПИНКОВСКИ: ПУБЛИКАТА НИ Е ВЕТЕР В ГРБ!

Зоран Иге

ПРИЛЕП: ПЕТНАЕСЕТ ГОЛА ЗА ПОЧЕТОК!

Зоран Иге

ТАЖНО НА СТАДИОНОТ, ТАЖНО ВО СОБЛЕКУВАЛНАТА ВО ПРИЛЕП! (фото+видео)

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе

Шампион