РК Прилеп денеска не успеа да ја искористи картата за фајнл-фор завршницата во Купот на Македонија. Еурофарм Пелистер 2 , одигра одличен меч на паркетот во Прилеп и забележа убедлива победа од +16 гола (22:38). Со ова Битола на Ф4 ќе има две екипи, претходно се пласира и екипата на Еурофарм Пелистер, заедно со Вардар и Бутел. Завршницата ќе се игра на 14 и 15 мај.
Екипата на Еурофарм уште во првото полувреме направи солидна разлика и на одмор отиде со +9 (11:20). Второто полувреме само ја потврди победата на Еурофарм Пелистер 2, а ракометарите ја зголемија разликата до +16. Натпреварот беше само формалност и немаше резултатска неизвесност. Шанса за настап добија сите ракометар и од клупата на двете екипи. Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Ненад Белистојаноски со девет и Емилијан Ѓорговски со седум погодоци, додека кај Прилеп во листата на најдобри стрелци се запиша Давор Шокоски со шест гола.