Фудбал

ЧЕТВРТФИНАЛЕТО ПРЕДАЛЕКУ ЗА ПРИЛЕПЧАНКИТЕ

Во четвртфиналето од Купот во женски фудбал оди екипата на Борец по победата од 8:2 над Деспина, на игралишето со вештачка трева во Прилеп. Фаворитот убедливо победи, а за прилепчанките може да се каже дека даваа солиден отпор до 43. минута кога падна вториот гол. Првиот погодок го даде Србинката Николина Батиниќ во 7. минута, а вториот е запишан како автогол на Кристина Павлоска. Во второто полувреме уште шест гола за Борец – уште два од Батиниќ, два од капитенот Елма Шемсовиќ и по еден од останатите Србинки, Нина Јовановиќ и Жељана Максимовиќ. Но, и во претежно младиот состав на Деспина има неколку мајсторки за голови, како капитенот Катерина Милеска која со два гола за три минути успеа, колку-толку, да го ублажи поразот на крајот.

Деспина в среда има уште еден тежок меч, во 16. коло од Првата лига, кога во Прилеп гостува кандидатот за титулата, струмичка Тиверија.

Од категоријата

ПОБЕДА СИЛНА СО ПУБЛИКАТА ПРОТИВ НАЈСИЛНИОТ РИВАЛ!

Зоран Иге

ПОБЕДА ЗЕДЕ БОД ОД ШТИП БЕЗ БАБУНСКИ КОЈ Е РАСПОЛОЖЕН ДА ОСТАНЕ ТРЕНЕР!

Зоран Иге

(резултати, стрелци) ПОБЕДОНОСЕН ГОЛ ВО 95. МИНУТА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе