Наизглед мошне мирно и очекувано 24. коло од Втората фудбалска лига – Исток. Лидерот Слога со 1:0 славеше над Осогово во Кочани со голот на Андреј Симевски, втората Беласица дома со 3:0 го совлада Пехчево преку Филип Михаилов, Стефан Сулев и Александар Коцев, а третата Победа со два гола на Бојан Спиркоски со 2:0 постигна победа врз Саса во Каменица, која единствениот погодок го даде преку Дарко Алексовски. Разврската од денешниве мечеви го свртува веднаш вниманието кон наредното коло и најголемото дерби во оваа лига, Победа – Беласица. Уште отсега може да се претпостави дека Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп ќе биде со илјадници гледачи, исполнет како што не бил со години наназад.
РЕЗУЛТАТИ : Братство – Детонит 1:2, Саса – Победа 1:2, Осогово – Слога 0:1, Беласица – Пехчево 3:0, Локомотива – Кожуф 0:7.
ТАБЕЛА: Слога 54, Беласица и Победа по 53, Саса 44, Кожуф 31, Пехчево, Детонит и Осогово по 27, Братство 14, Локомотива 6.
ИДНО 25. КОЛО (30 април во 17 ч.): Победа – Беласица, Слога – Саса, Пехчево – Братство, Детонит – Локомотива, Кожуф – Осогово.