Денеска две женски спортски екипи од Прилеп гостуваа во Битола, двете под исто име – Деспина. Во 20. коло од Првата женска фудбалска лига, Деспина со 2:1 го совлада домашниот Топ гол. Стрелци на головите: Дарија Стојчевска во 6. за Топ гол, а Катерина Милеска во 4. и Теодора Јанковска во 72. минута за Деспина. На табелата Деспина е 9. место со 16 бода, над кумановска Речица со 14, битолските Топ гол со 10 и Атлетико со 1. Во последните две кола прилепскиот тим игра дома со Истатов, гостува на Шкендија во Тетово.
Во 13. коло од плеј-офот во женската ракометна Супер лига, Деспина загуби од Пелистер со 20:17, полувреме 9:9. Најефикасна на мечот е Марија Јанкуловска со 10 гола од тимот на Пелистер, додека во Деспина по 5 гола дадоа Елена Рипилоска и Сања Цветкоска. На табелата Деспина е 6. место со 8 бода, над Стружанка и Пелистер со по 7. Во последното коло прилепчанките се домаќини на фаворитот Куманово, а Стружанка и Пелистер имаат меѓусебен дуел за преземање на 6. место.