Екипата на Крива Паланка е новиот шампион на Македонија во пинг-понг за мажи. Предмалку во пингпонгарската сала до ДТВ Партизан во Прилеп, Крива Паланка со минимални 4:3 го совлада домашниот Младост 96, досегашен шампион. Тоа беше тешка, исцрпувачка борба во траење од три и пол часа. Со оглед на тоа што кривопаланчаните победија и вчера, дома, со 4:1, тие дојдоа до втората победа во серијата до два и ги освоија пехарите од ППФМ, преодниот и во трајна сопственост.
„Честитки за новиот шампион на Македонија. Сезоната ја завршуваме без титула, но со силна екипа која диши како еден“, порачуваат од Младост 96..
Клубот Младост 96 има две вицешампионски позиции, покрај во машка, претходно освои и во женска конкуренција.