Фудбал

ВО НЕГОТИНО ВО 70. МИНУТА Е ОЗНАЧЕН КРАЈ!

Пресилен е Вардар во Третата фудбалска лига – Југ. Тоа го покажа во целото првенство, па и попладнево, во последното 26. коло. Неготинците дома со 10:1 го совладаа последното Возарци. Интересно, гостите не можеа да издржат до крајот, ами само до 70. минута, кога напуштија терен. Во службениот записник пишува: „Натпреварот се одигра до 70. минута. Четири гостински играчи поради повреда го напуштија теренот за игра.“  Стрелци за Вардар, Петар Најдов 6., Кирил Неделков 12., 35., 63., Ѓорѓи Шишков 16., 20., 23., 52., Петар Ристовски 60., Петар Најдов 68., а Армин Мемедов 47. за Возарци.  Интересно за Вардар дадоа по еден гол двајца со исто име и презиме – Петар Најдов. Дури и татковото име им е исто – Златко. Различни им се годините на раѓање, едниот е роден 1993, вториот 1999 година.  За Вардар престои бараж-меч за влегување во Втората лига.

РЕЗУЛТАТИ: Питу Гули – Слога 3:1, Бучин – Динамо 6:2, Вардар – Возарци 10:1, Превалец – Големо Коњари 3:2, Марена – Ново Црнилиште 7:5, Обршани – Младост 3:3.

КОНЕЧНА ТАБЕЛА: Вардар 65, Превалец 60, Росоман и Питу Гули 49, Ново Црнилиште 38, Марена 35, Големо Коњари 33, Динамо 28, Слога 26, Младост 23, Бучин 21, Обршани 13, Возарци 6.

Од категоријата

ПОБЕДА СТИГНА ДО ОПСТАНОК СО 104 БОДА

Зоран Иге

СТАДИОНОТ СЕ ПОЛНИ ПО 77 ДЕНА!

Зоран Иге

ПРИЛЕП: ЗАИГРА ЗА ПОБЕДА ПО ПАУЗА ОД ЕДНА ГОДИНА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе