Многу ќе биде изменет играчкиот кадар на ракометниот машки суперлигаш Прилеп. За заминатите ќе треба да се најдат замени. Досега е познато дека клубот го напуштија двајца Грузијци – голманот Зураби Цинцадзе и левото крило Казеин Рустамов, додека останаа нивните сонародници – десното крило и нов тренер, Реваз Чантурија и средниот бек Мириани Гавашелишвили. Покрај нив, заминати се сметаат уште: десниот бек Хари Павлов, пивотот Марко Трајковски, средниот бек Марио Гичев, левиот бек Даниел Андоновски.
Долгиот летен одмор најверојатно ќе биде до третата декада од јули.