Шах

ПЕТ ВИСОКИ ПОБЕДИ

Новиот прилепски шаховски тим Пелагон се покажа надмоќен над конкурентите во А-групата од Екипното првенство на Македонија Втора лига во Охрид. Го освои првото место на табелата со максимални 10 бода, преку пет високи победи. Прво со 6:0 го совлада Шах мат од Градец, потоа со 5:1 скопски Карпош, па со 5,5:0,5 и 4 Ноември од Битола. Последниот натпреварувачки ден се постигнаа победите од 6:0 над Струга и 5:1 врз охридски Ласкер. Против Струга победија ИМ Драшко Бошковиќ, ИМ Горан Арсовиќ, Дејан Ѓорѓиески, Горан Готовуша, Марјан Дамчески и Мартин Николовски. Против Ласкер поените ги освоија  ИМ Бошковиќ, ИМ Арсовиќ, Ѓорѓиески, Дамчески и Николовски. На конечната табела Пелагон е прв со 10 бода, пред Карпош со осум, 4 Ноември со шест, Ласкер со четири, Шах мат со два и Струга без бод.

Пелагон за да биде прволигаш ќе треба да заземе едно од двете горни места во финалната група, каде се уште Карпош, Шкупи и Центар.

Од категоријата

ПРИЛЕПСКО ДЕРБИ ВО ОХРИД!

Зоран Иге

ЖЕНСКИ КЛУБ СО СИТЕ – МАЖИ!!!

Зоран Иге

ПРИЛЕП ГО СРУШИ ИТАЛИЈАНСКИОТ ЛАЦИО!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе