Ракомет

УНИВЕРЗАЛНАТА САЛА ПАК ВО МИСЛИТЕ НА РАКОМЕТАРИТЕ!

Објектот кој од 1973 година наваму е повеќепати предаван во употреба, а и денес, сепак, не работи – Универзалната сала, пак е спомнуван во разговорите меѓу спортистите, особено меѓу членовите на машкиот ракометен суперлигаш Прилеп. Екипата веќе 10 дена тренира во вежбалница, на отворено и затворено, во салата од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“, но вистинска спортска сала и натаму е долгогодишна неисполнета желба.

– Универзалната сала е ракометен храм, исто како во Битола што ја имаат салата „Боро Чурлевски“, како во Скопје Вардар со „Јане Сандански“ или Металург со „Автокоманда“. Прилепската Универзална ја има традицијата, таму и некогашниот Тутунски играше. Таму се уживаше, беше полно публика. Овие школски сали се опасни за повреди на тетивите, лигаментите, колената…Универзалната има улога и кога во неа се влегува, со самата атмосфера. Ракометниот клуб Прилеп заслужува да тренира и игра во Универзалната сала – рече за Радио Пела, Реваз Чантурија, играчот-тренер на Прилеп.

Клубот Прилеп е благодарен и за тоа што го има – салата од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ па затоа Чантурија не пропушти да се заблагодари на училиштето за овозможените термини. Во разговорот на оваа тема се надоврза и Давор Шокоски, капитенот на Прилеп.

– Универзалната е мотив за играчите. Ја  знам нејзината историја од времето кога играл во неа татко ми. Колку се играло, колку публиката и помагала на екипата – истакна Шокоски.

Претходно во студиото беше и клупскиот претседател Александар Мариновски. И тој накусо го кажа своето мислење.

– Срамота е ние да бидеме во една школска сала каде што се молиме да заврши последниот час за да можеме да влеземе. Ние нешто правиме за градот, да бидеме едно ниво погоре, некој не турка надолу – кажа Мариновски.

Во врска со играчкиот кадар, за Прилеп засилување е пивотот Пеце Ѓорѓиески од Струга, потписи за останување има од левото крило Христи Бикоски и од средниот бек Марио Гичев, но покрај Шокоски и Чантурија, ќе се смета и на Мириани Гавашелишвили, Стефан Лозаноски, Филип Адамчески, Мартин Карафилоски, Никола Стојкоски, Лео Дамчевски, Иван Ангелески, Стефан Христоски… Заминати се Зураби Цинцадзе, Казеин Рустамов, Хари Павлов, Владимир Трајкоски, Даниел Андоновски и Марко Трајковски.

Целиот разговор со Реваз Чантурија и Давор Шокоски е на овој линк:

https://www.youtube.com/watch?v=PnqRZ3yFvOI&t=1s

 Целиот разговор со Александар Мариновски е на вториов линк:

https://www.youtube.com/watch?v=rVa5xrTg834&t=366s

 

Од категоријата

(фото) УБЕДЛИВА ПОБЕДА ЗА ПРВИ ТРИ БОДА!

Зоран Иге

ВЕЧЕРВА НЕМА СВЕТСКО – ИМА РАКОМЕТ!

Зоран Иге

(фото) КРАЈ СО МНОГУ ГЛЕДАЧИ ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе