Вчера во посета на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп беше тричлена екипа од Македонската телевизија. Целта им беше разгледување на објектот и можностите за директен телевизиски пренос од прволигашките натпревари. Битни се местата каде ќе се постави техниката, камерите и камерманите, новинарот-коментатор, приклучоците за електрична енергија… Ако се знае дека од претстојниот дуел Победа – Тиквеш нема да има пренос, потоа е гостувањето во Ѓорче Петров, па слободното коло поради откажувањето на Ренова, па две гостувања – кај Шкупи и кај Скопје, тогаш наредната шанса е дури на 11 септември кога Победа дома игра со Брегалница.
Од последниот телевизиски пренос од стадионот во Прилеп поминаа десетина години.