Фудбал

И НАТАМУ НОВИ НА ТРЕНИНЗИТЕ ВО ПОБЕДА

Има и натаму интерес од фудбалери да му пристапат на прилепскиот прволигаш Победа. Дознаваме дека вчера на тренингот се приклучил уште еден новодојден играч на повеќе позиции, со прволигашко искуство, чие име ќе се објави штом ќе биде регистриран. Вратата не е затворена и за други, така што и натаму се очекуваат засилувања се до крајот на месецов, до завршувањето на преодниот рок. Досега, во трите првенствени меча се појавија шестмина нови: одбранбените Методија Делов и Игор Паноски, за врска Хамза Рамани, страничните играчи Агон Хани, Марко Симуновиќ и Христијан Коцев, а се чека денот кога ќе заиграат странците – Србинот Огнен Ѓурковиќ во одбраната, Нигериецот Амос Губам Дадет во средниот ред и Белгиецот Амасихоху Џејмс Акугбе во нападот.

Претстојниот викенд Победа е слободна, в среда му гостува на Шкупи, по четири дена на Скопје.

Од категоријата

ПОБЕДА ВО ПРВОТО КОЛО ОДИ ВО СТРУГА!

Зоран Иге

СЕДУММИНА ДОЈДОА, УШТЕ ТРОЈЦА ЌЕ ИМА НОВИ ВО ПОБЕДА!

Зоран Иге

НАПРЕВАРИТЕ СЕ ПОРАНО ПОРАДИ ПРАЗНИКОТ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе