Фудбал

(ФОТО) ДЕСПИНА ГО ДОБИ ДЕРБИТО, ЗАДОЦНЕТО ПОРАДИ СООБРАЌАЈКА НА СУДИИТЕ!

На игралиштето со вештачка трева во Прилеп Деспина – Ас унитед 3:1, од 7. рунда на фудбалската Прва женска лига на Македонија. Вистинско дерби на екипи од горниот дел на табелата. Прилепскиот тим поведе во 3. минута со голот на Србинката Жељана Максимовиќ. Гостинките возвратија во 14. минута преку Оливера Цоклеска за 1:1. Пресудни беа последните минути од првото полувреме. Прво Симона Тасева во 41. минута го врати водството на домашните, а во следната 42. минута Ана Боризоска ги постави конечните 3:1.

Мечот задоцни со почетокот 45 минути, а причина е сообраќајката што им се случила на битолските судии на излезот од Битола. Сепак, нема последици, тие во комплетен состав (Дени Лековски, Ангела Домазетовска, Владимир Митревски) заедно со контролорот (Менде Дивитаров) допатуваа и ја извршија обврската. На дербито црвени картони добија Улза Максути (Ас унитед) во 45. минута и Елена Љондевска (Деспина) во 82. минута.

РЕЗУЛТАТИ ОД 7. КОЛО: Деспина – Ас унитед 3:1, Скопје – Речица 3:1, Кул здравје – Љуботен, Истатов – Кочани 3:0, Шкендија – Тиверија 1:8, Борец – Саса 0:11.

СЛЕДНО 8. КОЛО: Деспина – Скопје, Ас унитед – Саса, Тиверија – Борец, Кочани – Шкендија, Љуботен – Истатов, Речица – Кул здравје.

Од категоријата

ПРИЛЕП: ДАЛИ ПРЕТСТОЈНИОВ ВИКЕНД ЌЕ БИДЕ ПРАЗЕН ЗА ПОБЕДА?

Зоран Иге

(резултати, стрелци) ДЕРБИТО СО ПРЕСВРТ, ИЗНЕНАДУВАЊЕ ВО ЛАЖАНИ, ГОСТИНСКИ ТРИУМФ НА УЛТРАС!

Зоран Иге

(фото, резултати и табели) МЛАДИНЦИТЕ НА ПОБЕДА СО НАЈСИЛЕН ОТПОР!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе