Не е истата Деспина од претходната сезона во женскиот фудбал, кога фаворитите лесно ја надигруваа. Тоа се виде на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ на пријателскиот натпревар со минатогодишниот шампион, сега третопласиран на прволигашката табела, Каменица Саса. По 90 минути игра резултатот е 0:0. Има подобрување кај прилепскиот тим, особено во одбраната која станува поцврста. Досегашните фудбалерки од тренинг на тренинг се се подобри, под надзор на тренерот Стевчо Талески и помошникот Диме Аџулески. За подигнатиот квалитет придонесуваат и петте нови – три од странство, голманката Иман Шљиво од Босна и Херцеговина, за врска Николина Батиниќ и напад Жељана Максимовиќ од Србија, покрај битолчанките, Јована Павловска од Атлетико и Елена Љондевска Топ гол.
– Одигравме одличен пријателски натпревар без голови против одличната екипа од Македонска Каменица – велат од таборот на Деспина.
Следниот, четврти пријателски меч е во вторник, со Топ гол во Битола.