Фудбал

ВЕЛЕШАНИТЕ СЕ МАЧЕА, ПА ДАДОА ПЕТ ГОЛА ВО ПРИЛЕП

Екипата на велешки Превалец успеа со 5:1 да го совлада Динамо во Прилеп, во 11. коло од Третата фудбалска лига – Југ. Домашните добро почнаа и одржуваа рамнотежа, дури и опасно се закануваа, а гостите се мачеа да го постигнат првиот гол. Но, откако го постигнаа, потоа беше лесно.

Клучна е 38. минута, кога од десната страна се проби Бобан Дукадиновски, врз него стартуваше Филип  Костоски, по што се досуди пенал, реализиран од Пеце Стојанов. Следната минута на 2:0 за Превалец зголеми Александар Крстевски.

Во вториот дел набрзина голови за гостите постигнаа и Трајче Ѓорѓиевски, Ангелче Стојчевски и Бране Петровски. Гол-серијата заврши во 62. минута.

Домашните го ублажија поразот со еден, но вреден гол на Мартин Мечев во 75. минута од слободен удар од далечина.

Интересно е и што домашниот голман Андреј Цветкоски се повреди и веќе во 2.минута беше заменет со Мартин Наумов.

РЕЗУЛТАТИ: Динамо – Превалец 1:5, Бучин – Питу Гули 1:3, Слога – Вардар 0:3, Возарци – Росоман 3:7, Големо Коњари – Марена 2:1, Ново Црнилиште – Младост 4:0.

ТАБЕЛА: Вардар 26, Превалец 25, Росоман 22, Големо Коњари 20, Ново Црнилиште 19, Питу Гули 16, Слога 13, Марена 11, Динамо и Обршани по 10, Младост и Бучин по 7, Возарци 0.

СЛЕДНО 12. КОЛО: Питу Гули – Младост, Обршани – Ново Црнилиште, Росоман – Големо Коњари, Превалец – Возарци, Вардар – Динамо, Бучин – Слога.

Од категоријата

ИНИЦИЈАТИВА ЗА ЛИЦЕНЦЕН ФИНАНСИСКИ СИСТЕМ ВО ДОМАШНИОТ ФУДБАЛ!

Зоран Иге

ПРИЛЕП: ПРЕД ТРИ ГОДИНИ НА ИСТА, В САБОТА НА СПРОТИВНА СТРАНА!

Зоран Иге

ЖДРЕПКАТА Е В САБОТА

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе