Убави вести од Мостар, каде на два светски купа во спортско воздухопловно моделарство, категорија Ф-1-А (едрилици) во Босна и Херцеговина учесници беа млади моделари од СВК „Фил феникс“ од Прилеп, претставници на Македонија. Во натпревари со најквалитетните ривали од балканските држави, на Светскиот куп „Мостар куп“ Анастасија Пожарска го освои второто место во јуниорска и третото во сениорска конкуренција. На вториот Светски куп „Меморијал Изет Курталиќ“ Лука Најдоски беше на второто место во јуниорска конкуренција. Овие високи пласмани им овозможија на двајцата прогрес на табелите од генералниот пласман – Пожарска на 6. место, Најдоски на 10.
Сезоната на светски купови продолжува викендов во Бугарија, а на 1 октомври во Прилеп.