Во рамките на 2. коло од ракометната машка Супер лига на Македонија, вечерва во Охрид домашниот тим со 33:26 го совлада Прилеп. Уште на полувреме охриѓаните ја оправдаа улогата на фаворит, водејќи со 16:12. Во идното 3. коло пак дуел за собирање искуство на младиот припепски тим, бидејќи дома игра со шампионот Вардар.
Во рамките на 1. коло од женската Супер лига, утре прилепска Деспина е гостин на шампионот Ѓорче Петров во Скопје.