Ракомет

(ФОТО) ПРИЛЕПЧАНКИТЕ ПОЧНАА ОД 4. КОЛО

Деспина со 31:22 го совлада Кузман Вардар од Скопје во 4. коло од Б-групата на женската ракометна Супер лига.  Ова е прва победа, први бодови за прилепската екипа.

Најдобри стрелци кај Деспина беа Михаела Петреска со девет и Ева Рипилоска со осум гола, а кај Кузман Вардар се истакна Сандра Јовевска со девет. Натпреварот беше интересен поради учеството на претежно млади ракометарки во двата тима. Имаше дури и такви кои по изгледот наликуваа како да се од основно училиште. Девојчињата рано добиваат шанса во сениорската конкуренција и треба да се очекува тоа да придонесе за нивно искуство и развој.

Во следното коло Деспина е гостин на Овче Поле во Свети Николе, а Кузман Вардар е слободен.

Од категоријата

СЛЕДИ 15 ДЕНА ПАУЗА

Зоран Иге

ПРВИОТ ТРЕНИНГ Е В СРЕДА

Зоран Иге

ПРИЛЕП ВЧЕРА И УТРЕ СО ИСТ РИВАЛ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе