Ракомет

ПРИЛЕП САМО 5 ГОЛА ПРИМИ ВО ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ, ВКУПНО 22 ОДБРАНИ НА ХРИСТОСКИ!

Екипата на Прилеп на домашниот паркет стигна до првата есенска победа (покрај едно реми), над неготински Вардар со 22:18, во 5. коло од А-групата на ракометната машка Супер лига. Во првиот дел се играше мошне успешно во одбраната, така што домашните дадоа само 7 гола, но гостите беа уште понеефикасни, со 5. Таков резултат 7:5 одамна не се случува често на ракометните натпревари. Во второто полувреме Прилеп, поддржан од публиката, продолжи да ја зголемува предноста и мошне рано ги обезбеди трите бода. Водството беше и до 9 разлика (19:10). Од поединците треба да се истакне младиот голман на Прилеп, Стефан Христоски со 22 одбранети удари, а од стрелците Давор Шокоски со 6, Христи Бикоски со 5. 

Во следното 6. коло Вардар во Неготино игра со Алкалоид, Прилеп е гостин на Бутел во Скопје.

Од категоријата

ПРИЛЕПСКИОТ КЛУБ СО МНОГУ НОВОСТИ!

Зоран Иге

ТЕШКО ГОСТУВАЊЕ ВО СКОПЈЕ

Зоран Иге

КОЈ ЌЕ БИДЕ ФИНАЛИСТ – ДУБОЧИЦА ИЛИ ПРИЛЕП?

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе