Фудбал

ПЕТТИ ПАТ СЕ ПОЛНИ СТАДИОНОТ ВО ПРИЛЕП!

Попладнево (14 часот) на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп е мечот Победа – Струга од 12. рунда на фудбалската Прва лига на Македонија. Иако е пазарен ден за прилепчаните, нема сомнение дека трибините по петти пат есенва ќе бидат исполнети. На Победа во борбата за опстамнок и треба поддршка против лидерот на табелата, Струга. Домашниот тим има фудбалери подготвени да извлечат максимум од себе, почнувајќи од голманот Дарко Тофилоски до напаѓачот Амасихоху Џејмс, додека во Струга одбраната е со прилепчанецот Дарко Илиески, нападот со Бесарт Ибраими.

ПОБЕДА: Тофилоски, Бошески, Ѓурковиќ, Стомнароски, Хани, Рамани, Паноски, Дадет, Мазари, Тодоров, Џејмс. Тренер: Бобан Бабунски.

СТРУГА: Ќосевски, Јахја, Бојку, Илиески, Шабани, Јусуфи, Касами, Мерџани, Малески, Радиќ, Ибраими. Тренер: Срѓан Захариевски.

ДРУГИ МЕЧЕВИ: Скопје – Шкендија, Работнички – Силекс, Шкупи –  Тиквеш. Вчера Брегалница – Академија Пандев 1:0.

Од категоријата

СЕ УШТЕ ТИВКО ВО ПОБЕДА

Зоран Иге

ТРЕТА ЛИГА – ЈУГ: ТРИ ГОСТИНСКИ ПОБЕДИ, НА Г. КОЊАРИ, ВЛАЗНИМИ И УЛТРАС!

Зоран Иге

ТРЕТИОТ ГОЛ ВО КАМЕНИЦА Е ЗА ПОБЕДА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе