Фудбал

ДЕСПИНА СЕ ПРИБЛИЖИ ДО ВОДЕЧКАТА ЧЕТВОРКА!

Неочекувано почна, а сосема очекувано продолжи натпреварот Речица – Деспина во кумановското место, во рамките на 6. коло од фудбалската Женска прва лига на Македонија. Иако аутсајдери, домашните поведоа во 3. минута со голот на Емили Митковска. Но, прилепчанките се разиграа и возвратија со 5 гола. Стрелци: Жељана Максимовиќ во 5. и 17., Ана Боризоска во 24. и 50., Николина Батиниќ во 54. Со трите бода екипата на тренерот Стевче Талески се приближи на табелата до водечката четворка.

РЕЗУЛТАТИ: Речица – Деспина 1:5, Ас унитед – Борец 8:0, Саса – Шкендија 10:0, Тиверија – Истатов 2:0, Љуботен – Скопје 4:1.

СЛЕДНО 7. КОЛО (5/6 ноември): Деспина – Ас унитед, Скопје – Речица, Кул здравје – Љуботен, Истатов – Кочани, Шкендија – Тиверија и Борец – Саса.

Од категоријата

БЕА ДОМАЌИНИ НА ГОСТИ, СЕГА СЕ ГОСТИ – ДОМА!

Зоран Иге

ПОЗНАТИ ПЕТНАЕСЕТ РИВАЛИ НА ПОБЕДА!

Зоран Иге

БИТКА ЗА 7. МЕСТО ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе