Прилепчаните не го сакаат само фудбалот, ами и другите спортови. Можеби многумина отстрана ќе изненади, но вистина е – прилечаните многу го сакаат и шахот. Тоа се потврдува и од денешниот метеж во близина на Домот на културата „Марко Цепенков“. По повод 3 Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп, во организација на ШК Прилеп во центарот на градот, на големата шаховска табла која е обележје веќе 13 години, се одржа промоција на оваа древна игра.
Покрај присутните шахисти со меѓународни титули – ВМ Звонко Станојоски, ИМ Тони Кироски, ФМ Славе Трајкоски, членови на клубот – Марјан Дамчески, Горан Готовуша, Кире Николоски, Симон Пазевски и други, опфатени беа и граѓани од сите генерации кои од забава го играат шахот во домови, дворови, паркови. Убава промоција за уште поголемо омасовување на шахот, спорт кој во Прилеп се негува повеќе од осум децении.
Меѓу присутните беше градоначалникот д-р Борче Јовчески.
ВИДЕО :