Попладнево (13 ч.) на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп е натпреварот Победа – Македонија ЃП, од 14. коло на фудбалската Прва лига на Македонија. Со поддршка на своите верни навивачи, Победа има амбција да му врати на ривалот за двата пораза, во првенството со 4:1, во Купот со 2:0. Но, уште поважно е што битката на теренот ќе се води за престиж на табелата. Победа има 11 бода и со евентуален триумф би имала 14, еден повеќе од Македонија ЃП и на тој начин би се изедначила со седмиот Работнички, доколку овој тим дома загуби од лидерот Струга.
– Се спремаме секој викенд за ново чудо Бидејќи за нас секој натпревар е на „живот и смрт“- вели Бобан Бабунски, шефот на Стручниот штаб на Победа.
Натпреварот го води судиска тројка од Скопје, предводена од интернационалецот Александар Ставрев.
ПОБЕДА: Тофилоски, Хани, Стомнароски, Делов, Тодоров, Б. Спиркоски, Мазари, М. Наумоски, Тодороски, Бошески, Петејчук. Тренер: Бобан Бабунски.
МАКЕДОНИЈА ЃП: Стевковски, Зука, Мишевски, Личина, Лемос, Стоилов, Адем, Воша, Лазаревиќ, Скендери, Самаке. Тренер: Мите Митев.
ДЕНЕСКА ОД 13 ЧАСОТ: Победа – Македонија ЃП, Шкендија – Академија Пандев,Работнички – Струга, Брегалница – Тиквеш. Вчера Скопје – Силекс 0:0.