Денеска од 17 часот на стадионот „Ал Тумама“ во Доха е мечот од А-групата на Светското фудбалско првенство Сенегал – Холандија. За време на овој дуел, токму на овој стадион е прилепчанецот Марјан Митрески, поранешен фудбалер на Победа. Сместен во еден од баровите, во улога на бармен ги служи домашните шеици и многубројните гости од разни страни на светот.
– Покрај напорната работа со многу гости, како поранешен фудбалер би сакал да видам што повеќе од натпреварите на стадионот, доколку имам време. Навивам за Хрватска, бидејќи работев таму, како и за Бразил – вели 26-годишниот Митрески.
На стадионот „Ал Тумама“ во Доха, до 10 декември ќе се играат и натпреварите: Шпанија – Костарика, Катар – Сенегал, Белгија – Мароко, Иран – Сад, Канада – Мароко, еден 16-финален и еден четвртфинален.