Организациониот одбор ги одреди деталите за претстојниот традиционален Хуманитарен турнир во мал фудбал „Свети Никола“ во Прилеп. Во сениорската конкуренција првото место има награда од 240 илјади денари, второто 120 илјади, третото 60 илјади. Пријавивањето е од 1 до 7 декември, а за учество се плаќа 8000 денари по екипа. Покрај натпревари за сениори во 8 групи по 4 тима, има и седум возрасни категории за пионери, родени меѓу 2008 и 2014 година. Интересот кај играчите, тренерите и публиката е огромен, со оглед на паузата од три години. За се да е во најдобар ред поддршка се покровителите, компанијата „Комфи ангел“ и Општина Прилеп.
Од 10 до 25 декември влезот во салата на ОУ „Добре Јованоски“ е со популарна цена од 50 денари, а поголемиот дел од собраните средства се за хуманитарни цели.