Летото 1991 година, кога се наѕираше распадот на Југославија, фудбалските екипи имаа дотогаш невидени проблеми околу подготовките за учество во првенствата. Народот беше преокупиран со вести за можна војна, и не му остана простор да мисли и на фудбал. Во такви околности, третолигашот Победа не можеше да најде противник за пријателски меч. Првиот, договорен со Црвена звезда од Крагујевац, пропадна оти гостите, враќајќи се од Охрид, не застанале и заминале дома. Откажаа Силекс и други екипи. Тренерот Зоран Чолаковиќ беше разочаран.
– Немаме противници, не можеме да работиме, а од мене се бара прво место. Јас сум тренер, не артист. Не можам да глумам работа ако ја нема – рече Чолаковиќ.
Првенството во Третата југословенска лига не се доигра.
претходна објава
следна објава