70 години ракомет во Прилеп

РАКОМЕТ НА ОГРОМЕН ФУДБАЛСКИ ТЕРЕН!

Ракометот го познаваме како игра во затворен простор, сала, на игралиште со дименизии 40 метри должина со 20 метри ширина. Но отсекогаш не било вака. Во Прилеп оваа игра почнува да се игра на фудбалскиот терен од стадионот „Гоце Делчев“. Тоа е во 1949 година. Мечот е меѓу екипа од Прилеп под името Гоце Делчев и Работнички од Скопје.Резултатот е 5:2 за гостите.

Веќе во следната 1950 година се формира лига во ракомет на територијата на Македонија, во која учесници се 7 тима: Работнички, Милиционер, Студент (трите од Скопје), Манчу Малиминов (Неготино), Работник (Битола), Црвена ѕвезда (Велес), Гоце Делчев (Прилеп). Лигата трае само три недели, а прилепскиот тим одигрува само еднаш, со Милиционер каде губи со 2:10.

Големиот ракомет е неатрактивен поради малиот број голови, па се игра само до 1953 година, а потоа го отстапува местото на малиот ракомет.

.

Од категоријата

ПРИЛЕПСКИОТ КЛУБ СО 8 ПОБЕДИ ВО ЕВРОПА!

Зоран Иге

СУДИЈА ПОБАРА ОТШТЕТА ЗА ОШТЕТЕНО СВИРЧЕ!

Зоран Иге

РАКОМЕТ НА ПОРОЕН ДОЖД!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе