Пинг-понг

КРАЈ НА ГОДИНАТА СО МЕДАЛИ ОД ПОДГОРИЦА!

Младинската екипа на ППК Младост96 од Прилеп учествуваше на традиционалниот турнир „Трофеј на Подгорица“,од каде се враќа со два бронзени медала. Давид Јоноски и Васе Богоеска освоија трети места во своите категории, во У12 и во У19. Јоноски извојува три победи во групата и уште две победи во елиминациониот дел, а во полуфиналето е поразен од играч од Косово со 3-0. Богоеска беше на дофат и до вториот медал ,во сениорска конкуренција каде за влез во полуфиналето загуби од црногорската натпреварувачка Вујовиќ со 3-2 во сетови ,иако во петтиот одлучувачки сет имаше водство од 7-4.
Поддршка на пингпонгарите беа членовите на клупското раководство, Марјан Матракоски и Златко Рикалоски, кои го најавија следниот голем настан, вториот Меморијалниот меѓународен турнир Илија Карески – Каре, на 11 и 12 февруари во Прилеп.

Од категоријата

ПРИЛЕП: ОБЈАВЕН СОСТАВОТ КОЈ ЌЕ СЕ БОРИ ЗА ТИТУЛАТА!

Зоран Иге

РЕКОРД: СЕДУМ ТИМА ТРЕНИРААТ ВО ЕДНА САЛА!

Зоран Иге

(ФОТО+ВИДЕО) ШАМПИОНОТ ПАДНА ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе